АС802: Советување за кариера/Career guidance
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | VIII | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Елена Ризова
Цели на предметната програма:
Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за основните теоретски и практични компоненти на советувањето за кариерен развој. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критички пристап кон современите тенденции во кариерниот развој на младите и возрасните. Студентите ќе развијат компетенции за советување и водење на кариерниот развој на младите и возрасните.
Содржина на предметната програма:
Промените во сферата на трудот и ефектите врз образованието и учењето; Спецификите на образовната побарувачка на пазарот на труд во Р. Македонија и светот; Специфичностите на кариерниот развој; Кооперативно образование; Вештини за советување и раководење со кариерниот развој; Самоевалуација и планирање на кариерниот развој; Ефективни стратегии и инструменти за барање работа; Комуникацијата во процесот на андрагошкото советување; Информирање, советување и дијагностицирање како фази во кариерниот развој; Облици и методи на стручно водење и советување.
Литература:
1. Велковски, З., Советување за кариера (интерен материјал), Филозофски факултет, Скопје, 2011
2. Самоловчев, Б., Основи на андрагогијата, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”-Скопје, 1981
3. Career guidance, OECD, 2004
4. Велковски, З., Lacrimae Mundi, Педагошки завод на Р. Македонија, 2005
5. PANORAMA: Professionalising career guidance, CEDEFOP, 2009