АС702: Менаџмент со човечки ресурси
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | VII | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Разбирање на теориските основи на менаџментот во образованието на возрасните; оспособување за изработка и примена на моделите на менаџмент во образовната дејност; сфаќање на значението на професионализацијата на менаџментот во образованието. Запознавање на студентите со основните теории и истражувачки парадигми за развој на човечки ресурси. Оспособување за практична интервенција на подрачјето на развој на човечки ресурси во организациите во јавен и приватен сектор.
Содржина на предметната програма:
Основи на менаџментот (менаџмент, лидерство, раководење); Стратегиски менаџмент на образовна установа за возрасни; Маркетинг во образованието на возрасни; Менаџерски улоги и компетенции; Професионализација на менаџментот во образованието; Теориски основи на развојот на човечките ресурси; Клучни парадигми нво подрачјето на развојот на човечки ресурси; Улогата на андрагогот во развојот на човечките ресурси; Мотивација; Организација која учи; Промени во современата организација и нивното влијание врз развојот на човечките ресурси; Регрутирање и селекција на кадрите; Анализа на потребите за развој и изработка на андрагошки план;
Литература:
1. Велковски Зоран, Lacrimae Mundi, ПЗМ, 2005
2. Кулиќ, Р., Деспотовиќ, М., Увод во андрагогијата, DVV International, Skopje 2007
3. Kristinka Ovesni, Learning Organization: Andragogical Perspective, Institute for pedagogy and andragogy, Faculty of Philosophy, Belgrade 2014
4. Kristinka Ovesni, Obrazovanje andragoških kadrova: evropska iskustva, Filozofski fakultet u Beogradu, Institut za pedagogiju i andragogiju, 2001
5. Alibаbić, Š., Milićević, V., Drаkulić, M., Modeli učenjа u korporаcijаmа, Andrаgoške studije, 2, 65-82, Beograd, 2011
6. Kristinka Ovesni, Šefika Alibabić, Jovan Miljković, Kvalitet u obrazovanju: Evaluacija na podrucjima menadžmenta – razvoja ljudskih resursa i menadžmenta u obrazovanju, Filozofski fakultet u Beogradu, Institut za pedagogiju i andragogiju, 2011
7. Šefika Alibabić, Profesionalizacija menadžmenta u obrazovanju, DVVv international – Ured u Sarajevu, Obrazovanje odraslih br. 2, 2009