АС605И: Интеркултуно и граѓанско образование
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | VI | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Општи компетенции:
– да се подготват студентите за остварување на продуктивна и општествено одговорна улога во светот на мултикултурализмот и различитостите;
– да се разберат и применат основните поими, принципи и перспективи на интеркултурализмот во анализата на воспитно-образовната теорија, политика и практика;
Посебни компетенции:
– одредување разлики меѓу поимите културна различитост“, „културен плурализам“, „интеркултурализам/мултикултурализам“ и „мултикултурно / интеркултурно образование“
– разбирање на значењето на интеркултурното образование и интеркултурниот дијалог
– познавање на современите трендови и меѓународни и домашни стандарди и способност за нивна примена во критичка анализа на образовно стратегиските-развојните документи и курикулуми;
– познавање на различни модели на интеркултурно/мултикултурно образование и разбирање на нивните теориски и политички појдовни основи;
– познавање и примена на стратегии за учење во интеркултурен контекст;
– дизајнирање на курикулум во културно одговорно училиште;
– познавање и примена на системите за осигурување на квалитет во културно одговорно училиште;
– способност за критичка интеркултурна анализа и вреднување на образовните теории, политики и практики;
– прифаќање на културниот плурализам како општествена вредност
Содржина на предметната програма:
Идентитетот и образованието во процесот на глобализација и европска интеграција; Општестевени нееднаквости во образованието; Социјален концензус во образованието; Улоги на семејството и училиштето; Транзициски проблеми во образованието; Крос-културна настава / стратегии за учење; Образовни теории; Мултикултурализам, интеркултурализам и образованието; Поим за компетенции; Клучни кометренции потебни за надминување на меѓукултурни разлики; Образованието како процес за стекнување на компетенции; цели, процеси и простори на интеркултурното образование; Стратегии за учење во интеркултурен контекст; Дизајн на курикулумот во интеркултурен контекст; Квалитетно и културно одговорно училиште.
Литература:
1. Banks, J. A. & McGee Banks, C. A. (eds.), Handbook of Research on Multicultural Education, Macmillan Publishing, 1995