АС602: Описменување и основно образование на возрасни

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаVI2+16

Наставник: д–р Елена Ризова

Цели на предметната програма:

Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за описменувањето на возрасните како андрагошки проблем. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на современите тенденции во сферата на описменувањето на возрасните. Студентите ќе стекнат компетенции за практична примена на методологијата за описменување на возрасни.

Содржина на предметната програма:

Писменоста како општествено-економски и андрагошки проблем. Карактеристики на образовно хендикепираните возрасни; Видови писменост кај возрасните; Методолошки критериуми во испитувањето на писменоста; Статистичка слика на неписменоста во светот и Република Македонија; Организациона и идејна поставеностна училишниот систем и неписменоста; Традиционално вредносната ориентираност и неписменоста; Постописменувачки период; Современи модели во описменувањето на возрасните; Техники за описменување на возрасни.

Литература:

1. Ризова, Е., Возрасните и писменоста, Филозофски факултет, Скопје, 2015

2. Велковски, З., Неписменоста како општествен и андрагошки проблем, интерен материјал, 2010

3. Стотард, Б., Образование за животни вештини: Прирачник за неформално образование, Канцеларија на УНИЦЕФ, Скопје, 2004

4. Freire, P., Pedagogy of the oppressed, Penguin Books, London, 1993

5. Унеско, Образование за сите, Обединети нации, 2002