АС601: Статистика во образовните истражувања

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаVI2+16

Наставник: д–р Наташа Ангелоска-Галевска

Цели на предметната програма:

Познавање на статистичките методи за анализа на податоци од истражувања. Способност за адекватен избор на статистички постапки согласно природата на податоците (варијаблите). Оспособеност за практична примена на статистичките методи за анализа и интерпретација на податоци од истражувања. Критичност, самостојност, одговорност и тимска работа.

Содржина на предметната програма:

Поим, предмет и примена на статистиката во образовните истражувања; Етапи на средување на податоци; Скали за нумеричко изразување на податоците; Дистрибуција на фреквенција; Графичко прикажување на низи со атрибутивни и нумерички својства; Релативни броеви; Крива на нормална дистрибуција; Мерки на централна тенденција; Мерки на дисперзија; Стандардизирани скорови.

Литература:

1. Ангелоска-Галевска, Наташа, Статистика во педагогијата, Филозофски факултет, Скопје (скрипта), 2014

2. Кожух, Борис & Ангелоска-Галевска, Наташа, Статистичка анализа на податоци, Филозофски факултет, Скопје, 2008

3. Кожух, Б. Ангелоска-Галевска, Н., Увод во статистичка обработка на податоци, Скопје: Филозофски факултет, 2012