АС506И: Основи на социјална психологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаV2+16

Наставник: д–р Михајло Поповски

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со предметот и методите на социјалната психологија и стекнување систематизирани знаења за начините на кои луѓето мислат, чувствуваат и се однесуваат во различни социјални ситуации.

Содржина на предметната програма:

Предмет, развој и методи на социјалната психологија; Социјализација; Социјална интеракција, комуникација и перцепција на лица; Социјално влијание; Просоцијално однесување; Диспозициски основи на социјалното однесување; Однесување на поединецот во група.

Литература:

1. Поповски М., Основи на социјална психологија, скрипта за интерна употреба, Филозофски факултет, Скопје, 2015

2. Поповски М., Просоцијално однесување, Филозофски факултет, Скопје, 2005

3. Aronson, E., Wilson, T. D. i Akert, R. M., Socijalna psihologija, Mate, Zagreb, 2005

4. Hewstone, M. i Stroebe, W., Uvod u socijalnu psihologiju: evropske perspektive, Naklada Slap, Zagreb, 2003