АС503: Стручно образование и обука
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | V | 2+1 | 6 |
Наставник: д-р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Разбирање на поврзаноста на светот на трудот, образованието и професионалниот развој на младите и возрасните.
Општи компетенции:
– Студентите располагаат со знаења за глобалните образовни и економски процеси на национално и интернационално ниво;
– Студентите располага со знаења за системите за квалификации и сертификација во областа на образованието на возрасните;
Посебни компетенции:
– Студентите ја препознаваат поврзаноста на светот на трудот и образованието,
– се запознати со проблемите на стручното образование и обука,
– имаат познавања за видовите и стратегиите на стручното образование кај нас и во светот
– поседуваат компетенции за анализа, организација, реализација на образованието за потребите на работно-професионалната дејност;
– имаат увид во трендовите на пазарот на труд во земјата и странство;
– Знаат и умеат да воспоставуваат релации меѓу пазарот на трудот и образовните институции
Содржина на предметната програма:
Развој на стручното образование во земјата и светот. Анализа на современите сфаќања на професионалната култура и развојот; Модели на професионална култура; Пазарот на трудот и образованието. Современите трендови во стручното образование и обука кај нас и во светот; Иницијална обука и професионално усовршување на кадрите; Социо-психолошките основи и андрагошко дидактички тенденции на образованието на возрасните за светот на работата; Квалификацијата и работното место. Европски програми за мобилност и истражување во стручното образование. ЕКВЕТ.
Литература:
1. Велковски, Зоран, Lacrimae Mundi, ПЗМ, 2005
2. Стручното образование и обука во Европа – преглед на политиките, EIE 2009
3. Велковски, Зоран и сор., Стратегија за стручно образование и обука во контекст на доживотното учење 2013–20, со акциски план, ЕТФ/МОН, 2013
4. Велковски, Зоран, Systematic evaluation of the four year VET provision in the Republic of Macedonia, ЕТФ/МОН, 2010
5. Education & Training 2020, European Commission, 2011
6. Velkovski, Zoran & Angeloska-Galevska, Natasha, Vet Reforms in the Republic of Macedonia – Key trends, Challenges and Perspectives, Ministry of Education and Science, Youth and Sport of Ukrainе, Faculty of Education – University of Primorska, Horlivka, 2015