АС402: Образовни политики

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаIV2+16

Наставник: д-р Зоран Велковски

Цели на предметната програма:

– Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за односот меѓу општествената и образовната политика; Да се запознаат со современите реформски тенденции и зафати во образованието кај нас и во светот.

Компетенции:

– Студентите го познаваат односот меѓу општествената и образовната политика;

– Студентите ги знаат современите реформски тенденции и зафати во образованието кај нас и во светот.

– Студентите се способни за разгледување и критичка опсервација на современите тенденции во земјата и светот.

– Студентите ја препознаваат улогата и значењето на образованието на возрасните во општество кое учи.

– Студентите ја препознаваат релацијата на општествениот, економскиот и образовниот развој.

Содржина на предметната програма:

Општество поставено на знаење и стратегии за реализација; Образовни стратегии и наставен кадар; Планирање на образовната стратегија; Стратегии и реформи на воспитанието и образованието во нашата земја; Европските глобални тенденции во образованието; Модели на развој на образованието во 21 век; Компетитивност и меѓународни системи на проценка на знаењето; Развојни политики и политики на образованието.

Литература:

1. Education & Training 2020, European Commission 2011

2. Велковски, Зоран, Реформите во предучилишното и основното образование во Република Македонија, Педагошки факултет, Скопје, 2008

3. Европска комисија, Ефикасно инвестирање во образование и обука: императив за Европа, Европска комисија, 2003

4. Национална програма за развој на образованието во Република Македонија (2005-2015), Министерство за образование и наука на РМ, Скопје, 2005

5. Велковски, Зоран, Реформите во образовниот систем во Република Македонија – 23 години подоцна, Меѓународно списание за образование и обука (IJERT), УКИМ, Скопје, Бр. 1, 2015

6. Velkovski, Zoran & Angeloska-Galevska, Natasha, Vet Reforms in the Republic of Macedonia – Key trends, Challenges and Perspectives, Ministry of Education and Science, Youth and Sport of Ukrainе, Faculty of Education – University of Primorska, Horlivka, 2015