АС401: Техники за учење кај возрасните

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаIV2+16

Наставник: д–р Елена Ризова

Цели на предметната програма:

Студентите ќе се здобијат со знаења и вештини за примена на соодветни методи и техники во образовната работа со возрасни. Преку активната партиципација во наставниот процес, ќе се запознаат со видовите на образовна комуникација и истите ќе ги применуваат во практика. Студентите ќе ги усвојат стиловите на учење и истите ќе можат да ги препознаваат во образовната работа со возрасни. Студентите ќе се запознаат и ќе ја интериоризираат улогата на едукаторот во образовниот процес со возрасни.

Содржина на предметната програма:

Вербална, невербална и паравербална комуникација во образовната работа со возрасни; Наставни форми за образовна работа со возрасни; Видови методи и техники за образовна работа со возрасни; Улогата на едукаторот при изборот на соодветен метод и техника за учење; Стилови на учење кај возрасните; Анализа на образовни ситуации.

Литература:

1. Алибабиќ, Ш. (ed.), Андрагошки прирачник за образовна работа со возрасни, DVV International, Скопје, 2013

2. Велковски, З., Групна динамика (интерен материјал), Скопје: Филозофски факултет, 2009

3. Шредер-Неф, У., Научете да учите порационално, Institute für International Zusammenarbeit, IIZV DVV, Skopje 2000

4. Ризова, Е., Возрасните и писменоста, Филозофски факултет, Скопје, 2015

5. Rogers, A., Mitchell, C.J., Manadhar, U., Widening literacy: A training manual for managers of adult literacy programs, Westport: Save the Children, 2000