АС203: Општа дидактика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | II | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Вера Стојановска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за општите законитости на наставниот процес и да научат да ја планираат, анализираат и вреднуваат наставната работа. Студентите да ги сфатат општите законитости и тенденции на современата настава како специфичен процес на сознание, темелно да ги усвојат општите дидактички категории, да ги проучат генезата и ефективните видови настава. Да стекнат темелни знаења и да се оспособат за: планирање и изведување на наставата, примена на современи методски приоди, иновирање на наставата.
Содржина на предметната програма:
Дидактиката како научна дисциплина. Основни дидактички поими. Поим за настава и видови настава. Цели и задачи на наставата. Таксономија на наставните цели. Наставен план и програма. Поим за курикулум. Структура на наставниот процес. Етапи на наставниот процес. Следење, проверување и оценување на постигањата на учениците. Облици и методи на наставна работа. Комуникација во наставата. Организација на наставен час. Дидактички принципи. Наставни медиуми. Домашни работи. Наставни екскурзии. Планирање и подготовка на наставата. Вреднување на дидактичката ефикасност на наставата.
Литература:
1. Стојановска, В., Дидактика (интерен материjал), 2011
2. Stevanović, M., Didaktika, Digital point, Rijeka, 2003
3. Mattes, W., Nastavne metode, Naklada Ljevak, Zagreb, 2007
4. Cindrić, M., Miljković, D., Strugar, V., Didaktika i kurikulum, IEP – D2, Zagreb, 2010
5. Marzano, R.J. i sur., Nastavne strategije, Educa, Zagreb, 2006