АС201: Комуникација и групна динамика во образованието на возрасните
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | II | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Студентите да се запознаат со теоретските принципи на комуникацијата и да се оспособат да можат да ги применат во предавањата и во нивната образовна работа со возрасни. Исто така да се запознаат со главните теории на групната динамика и да се оспособат да можат да ја применат во наставата и учењето во група за да можат да раководат со социјалните процеси.
Содржина на предметната програма:
Комуникација во образованието на возрасните; Видови на комуникација: вербална паравербална, невербална, интерактивна, конструктивна и мотивирачка комуникација. Бариери и пречки во комуникацијата; Основни карактеристики на воспитно-образовната група; Дефиниција за група; Дефиниција и специфични белези на воспитно-образовна група; Карактеристики на возрасни слушатели; Принципи на воспитно-образовна работа со возрасни слушатели; Процеси на создавање, раст и развој на групата; Етапи во развојот на интеграцијата меѓу членовите на групата; Раст и развој на групата од аспект на работоспособноста и активното учество на сите членови во работата на групата; Стимулирање на развојот на групниот процес во почетната фаза на работа на групата, отпор; Фактори кои влијаат врз процесот на интеграција; Групната динамика во неформалното образование на возрасните.
Литература:
1. Кулиќ, Р., – Деспотовиќ, М., Увод во андрагогијата, DVV International, Skopje 2007
2. Karlheinz A. Geißler, Управување и обликување на процесите за подучување и учење, Institute für International Zusammenarbeit, IIZV DVV, Skopje, 2006
3. Урсула С. Неф, Научете да учите порационално, Institute für International Zusammenarbeit, IIZV DVV, Skopje, 2000
4. Andrilović, V., Kako odrastao čovek uči, Zagreb, 1976
5. Совет на Европа, Алатки за интеркултурно учење, Strasbourg, 2000