АС102: Општа педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаI2+16

Наставник: д–р Анета Баракоска

Цели на предметната програма:

Да се стекнат научни и продлабочени сознанија за развојот, местото и улогата на педагогијата во системот на општествените науки, да се запознаат со темелните научни определби на педагошката наука, задачите на педагошката наука, системот на педагошки дисциплини, да се запознаат со концептуалната база на основни педагошки поими и категории, да стекнат научни и продлабочени сознанија за суштината и карактерот на воспитанието како предмет на педагогијата, неговото поимно определувае, целта на воспитанието, да се усвои и применува основната педагошка трминологија во проучувањето на другите педагошки дисциплини.

Содржина на предметната програма:

Класификација на науките и местото на педагогијата во системот на науките; педагогијата како наука за воспитанието; Развој на педагогијата како теорија на воспитанието; Темелни научни определби на педагошката наука( системски елементи, закони, законитости); Систем на педагошки дисциплини; Односот на педагогијата со другите науки; Суштина и основни карактеристики на воспитанието; Основни педагошки поими; Индивидуата, социјализацијата и воспитанието; Фактори во развитокот на личноста; Критериуми за поделба на воспитанието; Воспитен процес; Воспитаник-воспитувач, Цел и задачи на воспитанието; Воспитно-образовен систем.

Литература:

1. Баракоска, Анета, Педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2007

2. Костова, М., Баракоска, А., Маказлиева, Е., Педагогија, Просветно дело, Скопје, 2011

3. Поткоњак, Никола (ред.), Општа педагогија, Учитељски факултет, Београд, 1996

4. Gudjons, Herbert, Pedagogija – temeljna znanja, Educa, Zagreb, 1994

5. Hufnagel, E., Filozofija pedagogije, Demetra, Zagreb, 2002

6. Pavlović, P. V., Filozofija odgoja, Sveučilišna naklada, 1996