ПЕ403З/18: Андрагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | IV | 3+1 | 5 |
Наставник: д-р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Општи компетенции:
Студентите кои успешно ќе го совладаат овој модул ќе ги знаат и разбираат функциите и особеностите на полето на Образованието на возрасни и неговата важност во нивниот сопствен социјален контекст, исто така и во споредба со други можни контексти и во поглед на поширока меѓународна рамка. Тие можат да ја постават нивната сопствена професионална улога во рамките на овој контекст.
Посебни компетенции:
Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за основните теориски и категоријални поими и концепции во образованието на возрасните. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на современите андрагошки проблеми и развојот на андрагошката наука. Стекнатите компетенции ќе им овозможат пристап до продлабочени андрагошки студии и влез во андрагошката практика. Студентите ќе стекнат разбирање на образованието и учењето како општествен и индивидуален феномен, неговата теориско-епистемолошка концептуализација и стекнување на вештини за истражување на фундаменталните андрагошки феномени. Студентите се стекнуваат со основно разбирање на учењето на возрасните и неговата етика; ја разбираат разноликоста на полето на образование на возрасни и неговата културолошка ситуираност; се запознаети со различните форми на образованието на возрасни и ги знаат значењата и конотациите на клучните термини коишто често се употребуваат во однос на различните форми на образование на возрасни; имаат основно разбирање за меѓународниот развој релевантен за нивниот сопствен контекст на образование на возрасни; можат да го постават нивниот сопствен контекст во рамките на постоечките разлики на образованието на возрасни; можат да ја постават својата сопствена улога на андрагог во рамките на овој контекст; ги знаат важните принципи на условите од законската рамка коишто се релевантни за образованието на возрасни во нивната држава, нивниот регион и на меѓународно ниво; можат да разликуваат, да категоризираат и да ги објаснат комплексните форми на финансирање на образованието на возрасни; запознати се со основните карактеристики на сегашните политики релевантни за образованието на возрасни; ги знаат најважните актери кои се релевантни за образованието на возрасни на национално и интернационално рамниште; можат критички да се осврнат на функциите и интересите на индивидуалните актери поврзани со образованието на возрасни.
Содржина на предметната програма:
Историски развој на образованието на возрасните; развојот на андрагошката научна мисла; проблеми на развојот и конституирањето на андрагогијата како наука; Образованието на возрасните и другите науки; андрагошки концепции; цели на образованието на возрасните; психо-физичките карактеристики на возрасниот човек; филозофско-социолошката заснованост на образованието на возрасните; образованието на возрасните како општествен и индивидуален феномен; образованието и социјалните и општествените промени; општество кое учи; образованието на возрасните и неговите детерминанти и функции; категориите: формално, неформално и информално образование на возрасните; практичните пристапи во третманот на едукацијата на возрасните; истражување на образовни потреби; карактеристики на возрасниот ‘ученик’; принципи на андрагошката работа; мотивација и партиципација во образованието на возрасните; андрагогијата како професија.
Литература:
1. Кулиќ, Р., Деспотовиќ, М., Увод во андрагогијата, DVV International, Скопје, 2007
2. Самоловчев, Б., Основи на андрагогијата, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје, 1981
3. Freire, Paulo, Педагогија на угнетените, New York, 2007
4. УНЕСКО, Рамката за акција од Белем, Унеско, 2010
5. Унеско, Конфинтеа 6, Унеско, 2010
6. Institut za pedagogiju i andragogiju, Andragogija na početku trećeg mileniuma, Univerzitet u Beogradu, 2007
7. Закон за образованиe на возрасните, Службен весник на Република Македонија, бр. 7/08, 2008