ПЕ101З/18:Општа педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаI3+26

Наставник: д-р Анета Баракоска

Цели на предметната програма:

Да се стекнат научни и продлабочени знаења за развојот, местото и улогата на педагогијата во системот на општествените науки, да се запознаат со темелните научни определби на педагошката наука, задачите на педагошката наука, системот на педагошки дисциплини, да се запознаат со концептуалната база на основни педагошки поими и категории, да стекнат научни и продлабочени сознанија за суштината и карактерот на воспитанието како предмет на педагогијата, неговото поимно определувае, целта на воспитанието, да се усвои и применува основната педагошка трминологија во проучувањето на другите педагошки дисциплини.

Содржина на предметната програма:

Класификација на науките и местото на педагогијата во системот на науките; педагогијата како наука за воспитанието; Развој на педагогијата како теорија на воспитанието; Темелни научни определби на педагошката наука (предмет, задачи, ситем на педагошки дисциплини, системски елементи, закони, законитости); Односот на педагогијата со другите науки; Суштина и основни карактеристики на воспитанието; Основни педагошки поими; Воспитание во пошироко и потесно значење; Односот меѓу воспитанието, социјализацијата и персонализацијата; Фактори во развитокот на личноста; Воспитаник-воспитувач; Цел на воспитанието; Воспитно-образовен систем.

Литература:

1. Баракоска, Анета, Општа педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2013

2. Баракоска, Анета, Педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2007

3. Костова, М., Баракоска, А., Маказлиева, Е., Педагогија, Просветно дело, Скопје, 2011

4. Поткоњак, Никола (редакција), Општа педагогија, Учитељски факултет, Београд, 1996

5. Milat, Josip, Pedagogija, Teorija osposobljavanja, Školska knjiga, Zagreb, 2005

6. Gudjons, Herbert., Pedagogija. Temeljna znanja, Educa, Zagreb, 1994

7. Hufnagel, E., Filozofija pedagogije, Demetra, Zagreb, 2002

8. Pavlović, P. V., Filozofija odgoja, Sveučilišna naklada, 1996