С405И/18: Социологија на глобализацијата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаIV2+13

Наставник: д–р Марија Дракуловска Чукалевска

Цели на предметната програма:

Студентите да го совладаат поимно- категоријалниот апарат; концепции за процесите на глобализацијата; Познавање на видовите на глобализации и нивните импликации врз современото општество, како и запознавање со релевантните научни сознанија за односот меѓу општеството и глобализацијата. Студентите ќе се запознаат со прашањата поврзани со глобализацијата првенствено преку серија на студии на случај.

Содржина на предметната програма:

Социологија на глобализацијата како научна дисциплина; Историскиот контекст и природата на процесите на глобализацијата во современата социолошка теорија; Основните поими на социологијата на глобализацијата (глобализам, глобалност, глобализација, глокализација, гробализација, империјализам); Теоретизации за процесите на глобализацијата; Економска глобализација; Политичка глобализација; Културна глобализација; Односот глобално-локално/локално-глобално со посебен фокус на идентитетот, јазикот и медиумите.

Литература:

1. Дракуловска Чукалевска, Марија, Социологија на глобализацијата, Филозофски факултет, 2015

2. Шолте, Арт Јан, Глобализација, Академски печат, 2008

3. Ritzer, George, Dean, Paul, Globalization: a Basic Text, Wiley-Blackwell, 2015

4. Turner, Bryan, Khondker Haque, Habibul, Globalization: East and West, SAGE, 2010