С821И/18: Етнички конфликти
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Константин Миноски
Цели на предметната програма:
Стекнување на основни знаења за социолошките аспекти на етничките конфликти во современите општества кои се соочуваат со проблеми во општественото живеење што произлегуваат од нивната културна различност, како резултат на соочување со последиците од несовпаѓањето на етничките и политичките граници. Студентите ќе ги споредуваат етничките конфликти во Македонија, на Балканот и во Европа, како и нормативното регулирање на малцинскиот статус на Балканот, споредбена анализа на состојбите во Македонија и во останатите соседни земји. Стекнување на основни вештини за анализа и решавање на општестевени проблеми што резултираат од општествената хетерогеност.
Содржина на предметната програма:
Конфликтите во социолошката теорија; етнички конфликти – дефинирање и теоретски пристапи; видови етнички конфликти; причини за етнички конфликти; етнополитичка мобилизација и етнички конфликти; етничко чистење и геноцид; решавање на конфликти (формално и неформално посредување); помирување и возобновување на општественото живеење после конфликт (улогата на државата и граѓанското општество); превенција на конфликт и меѓународните организации; историски корени на на современите етничките конфликти во Македонија и на Балканот (етничката слика на Балканот во периодот на 20 век: распаѓањето на Османската империја и новата карта на Балканот, конфликтите околу прекројувањето на границите – Балканските војни, Првата и Втората светска војна, граѓанската војна во Грција 1946-1949, војните во 1990-тите години на просторот на поранешна СФР Југославија, Охридскиот рамковен договор во 2001); регулирањето на малцинските статуси на Балканот согласно постојните Конвенции за човекови и малцински права на ООН, Советот на Европа; споредебена анализа на положбата на малцинствата на Балканот.
Литература:
1. Ташева, М. и други, Етничките групи во Македонија: современи состојби, Филозофски факултет, Скопје, 1998
2. Robin M. Williams, Jr., Mutual Accommodation: Ethnic Conflict and Cooperation, Minneapolis: University of Minnesota Press, 1977
3. Ортаковски, В., Меѓународна положба на малцинствата, Скопје: Мисла, 1996
4. Јанакос, С. А., Етнички конфликти: религија, идентитет и политика, Скопје: Просветно дело, 2009
5. Ташева, М., Етничките групи во Македонија: историски контекст, Скопје: Филозофски факултет, 1998
6. Каракасиду, Н. А., Полиња жито, ридишта крв: патиштата кон националноста во грчка Македонија 1870-1990, Скопје: Магор, 2002
7. Милосавлевски, С., Томовски, М., Албанците во Република Македонија 1945-1995: легислатива, политичка документација, статистика, Скопје: Студентски збор, 1997
8. Wolff, S., Ethnic Conflict. A Global Perspective, Oxford University Press, 2006
9. Karl Cordell and Stefan Wolff (еds.), Routledge Handbook of Ethnic Conflict, London and New York: Routledge, 2011
10. Миноски, М., Македонија и Бугарија: историски соочувања, Скопје, 2008