С816И/18: Новите медиуми и дигиталната култура

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVIII2+14

Наставник: д–р Марија Дракуловска Чукалевска       

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за односот на новите медиуми и дигиталната култура. Да ја тематизираат и истражуваат социјалната реалност во ерата на новите медиуми, и при тоа да размислуваат критички за тоа како денешните општества и култури се оформени од страна на социјалните медиуми, податоци, игри, интернет активизам, апликации, визуализации податоци, мобилни уреди, алгоритми, и разновидни платформи за партиципација на поединците. Студентите преку серија на студии на случај кои ќе ги илустрираат новите медиуми како креатори на дигиталната култура во различни сфери од секојдневниот живот.

Содржина на предметната програма:

Новите медиуми и дигиталната култура во рамките на социолошката наука; Теориски и методолошки пристапи во однос на новите медиуми и дигитална култура; Новите медиуми во обликувањето општествата, посебно на културите; Интерактивни дигитални медиуми за социјално вмрежување на поединците, текст и инстант пораки, споделување на датотеки, блогови, подкастинг и мобилната комуникација; Новите медиуми и формирањето на идентитетот, партиципативна култура, образованието, човештвото; Присуството на новите медиуми во области како што се владата, индустријата и граѓанското општество.

Литература:

1. Manovič, Lev, Jezik novih medija, CLIO, 2015

2. Gir, Čarli, Digitalna kultura, CLIO, 2011

3. Mekčejsni, Robert, Digitalna isključenost, Fakultet za medije i komunikacije, 2015

4. Miller et al., How the world changed social media, UCL Press, 2016