С823И/18: Интеркултурна комуникација
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Антоанела Петковска
Цели на предметната програма:
Предметот интеркултурна комуникација има за цел преку предметните содржини и активности да овозможи разбирање на феноменот на интеркултурната комуникација, како и разбирање на значењето на процесите инкорпорирани во интеркултурната комуникација. Проблематиката е врзана со осознавањето на елементите, можностите и продуктите што произлегуваат од фундаменталните принципи и практики на интеркултурната комуникација како еден од најважните аспекти на општествената и културната интеракција и како основен инструмент заградење на кутурни политики соодветни на сензибилитетот на современите општества и култури. Сознанијата претставени во предметот најмногу се темелат на социолошките, филозофските и комуниколошките теории.
Содржина на предметната програма:
Интеркултурната комуникација е претставена и иследувана низ следниве дискурси: неопходноста за интеркултурна комуникација (поим и значење); социологијата на интеркултурната комуникација; видови интеркултурна комуникација (помеѓу различни културни матрици: национални, етнички, расни, религиски, родови, класни, локални, генерациски и др.); интеркултурната комуникација и медиумите / медиумска култура; социолошките аспекти на интеркултурната комуникација низ уметноста; процесите на глобализација и интеркултурната комуникација; филозофија на интеркултурната комуникација; естетика на комуникации и информации; тивкиот јазик на интеркултурната комуникација; интеркултурната комуникација и дигиталната култура.
Литература:
1. Jandt, E. Fred, An Introduction to Intercultural Communication – Identities in a Global Community, SAGE, 2010
2. Велева, Александра, Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура, Дијалог, Скопје, 2011
3. Đordano, Kristijan, Ogledi o interkulturnoj komunikaciji, XX vek, 2001
4. Neuliep, W. James, Intercultural Communication – A Contextual Approach, SAGE, 2012
5. Hall, Edward, The Silent Language, Anchore book, 1973
6. Majnhof, Hana, Ulrike, Triandafilidu, Ana (ed.), Transkulturna Evropa, Clio, Beograd, 2008