С707И/18: Социологија на македонската култура

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVII2+13

Наставник: д–р Антоанела Петковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се здобијат со научни сознанија за структурата и динамиката на македонската култура и со вештини за истражување на механизмите на интеракцијата помеѓу културните феномени и сите останати општествени појави во современото македонско општество.

Содржина на предметната програма:

Определба на културата со особен осврт на социолошкиот поим за (националната) културата; кус преглед на социјалната историја на културата во Македонија (предмодерно, модерно и постмодерно доба); материјалната и духовната култура во Македонија (вредности, норми, обичаи) во контекст на развојот на македонското општество; односот меѓу традицијата и прогресот во македонската култура; видови култура (поткултура, контракултура, масовна култура, елитна култура, народна култура) во современото македонско општество;спецификите на елементите на културата во Македонија; македонски културен идентитет и културен интегритет; културата и другите општествени феномени; културата и современите општествени процеси (глобализација, регионализација, локализација) во Македонија; културна политика, културен менаџмент и маркетинг во културата; културна продукција и културна репродукција; процесите на мултикултурализмот и интеркултурализмот на тлото на Македонија; проблемите на културниот етноцентризам во Македонија.

Литература:

1. Петковска, Антоанела, Есеи од социологијата на културата, Аз-Буки, Скопје, 2009, 127-157; 185-279

2. Георгиевски, Петре, Социологијата како критика на општествената, образовната и културната промена, Матица Македонска, Скопје, 2012

3. Ташева, Марија и др., Етничките групи во Македонија – современи состојби, Филозофски факултет, Скопје, 1998

4. Петковска, Антоанела, Социологија на македонската ликовна уметност (1945-1980), Македонска цивилизација, Скопје, 1997

5. Niezgoda, Marian, Culture in Transition – Transition in Culture, Jagiellonian University, Institute of Sociology, Krakow, 2009

6. Саркањац, Бранислав, Македонски катахрезис, 3590 – мрежа за локални и субалтерни херменевтики, Скопје, 2001