С802И/18: Проект и проектирање на социолошки проблеми
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Весна Димитриевска
Цели на предметната програма:
Проширување на знаењата за социолошкиот пристап во научните истражувања. Оспособување на студентите за самостојно проектирање на социолошки проблеми.
Содржина на предметната програма:
Проектирање на истражувањето. Структура на проектот на истражувањето. Изработка на нацртот на научната замисла. Формулација на проблем. Определување на предмет на истражување. Цели на истражувањето. Хипотезите, концепти и варијабли. Индикаторите во научното истражување. Начин на истражување. Научна и опшествена оправданост на истражувањето. Планирање на истражувањето. Инструменти.
Литература:
1. А. Брајман, Методи во општественото истражување, Универзитет „Св.Климент Охридски“, Битола, 2015
2. Џ. Б. Џонсон и Х. Т. Рејнолдс, Истражувачки модели на политичката наука, Академски печат, 2009
3. Д. Берет и Т. Кол, Социолошки проекти, Филозофски факултет, Скопје, 2000
4. С. Милосављевиħ, Основи методологије политичких наука, Службени гласник, Београд, 2006
5. S. Milosavljević, Praktikum iz metodologije politikologije, Sarajevo, 2000
6. М. Кундачина, В. Банħур, Методолошки практикум, Ужице, 2002