С603И/18: Комуникациските стратегии и медиумските содржини за развојот на населението

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVI2+14

Наставник: д–р Марија Дракуловска Чукалевска

Цели на предметната програма:

Пошироко разбирање на улогата на комуникациите и претставувањето на медиумските содржини за развојот на населението; специфично знаење за влијанието на начините на пренесување на информациите во однос на развојните одржливи цели; оспособеност за креирање на комуникациските стратегии за население и развој; развивање на аналитички вештини и критичкиот однос во примената на апликативните истражувања.

Содржина на предметната програма:

Вовед. Комуникациско планирање. Форми на комуницирање. Комуникациско управување, стратегиите и одржливиот развој. Медиуми, дефинирање на агенда и јавни дискурси на одржливите развојни цели. Влијанието на медиумите врз јавната перцепција. Студии на случај за развивање на комуникациски стратегии во различни области.

Литература:

1. Population Communication, UNESCO 2012

2. O’Sullivan, G. A., Yonkler, J. A., Morgan, W. and Merritt, A. P., A Field Guide to Designing a Health Communication Strategy, Baltimore, MD: Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health, 2003

3. Tjurou, Džozef, Mediji danas, Clio, 2012

4. Marković Marina, Komunikacijske veštine, Clio, 2015

5. Population Communication, UNESCO, 2012

6. Denskus, T., Esser, D., Social Media and Global Development Rituals: a content analysis of blogs and tweets on the 2010 MDG Summit, Third World Quarterly 3.4: 409-424, 2013