С626И/18: Европски вредности
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VI | 2+1 | 4 |
Наставник: д-р Антоанела Петковска
Цели на предметната програма:
Студентите да добијат продлабочени знаења за генезата на социо-културните вредности на европската цивилизација и за сите современи аспекти на актуелните процеси на националните и регионалните идентитети на европските култури и нивната вредносна матрица, особено во процесите на европската интеграцијa и процесите на глобализацијата.
Содржина на предметната програма:
Генеза и создавање на темелите на европската цивилизација; општествените, митолошките и културните премиси на европските вредности; сличности и разлики на европските култури; процесите на интеракција и размена на вредносните матрици на европско тло; аспектите на вредносните обрасци: приоритети во животот; среќа, задоволство и самореализација; семејни вредности; вредности врзани за работата; религиски вредности; односот кон слободното време и граѓански ангажман; идеолошки вредности; политички вредности и граѓански активизам; национален идентитет; социјална дистанца; темелни вредности на европската цивилизација: слобода, рамноправност, почитување на човечки и граѓански права, толеранција, владеење на правото.
Литература:
1. Majnhof, Hana Ulrike. Triandafilidu, Ana (ed.), Transkulturna Evropa, CLIO, Beograd, 2008, 3-115
2. Kuncevič, Pjotr, Legenda Evrope, CLIO Beograd, 2007
3. Вилпен, Де Доминик, Здивот на Европа, Слово, Скопје, 2004
4. Gidens, Entoni, Evropa u globalnom dobu, CLIO, Beograd, 2009
5. Ilišin, Vlasta (ed.), Croatian Youth and European Integration, Institute for Social Research, Zagreb, 2007
6. Georgievski, Petre (ed.), European Integration: Polish and Macedonian Experience, SS. Cyril and Methodius University – Faculty of Philosophy, Institute of Sociology and Jagiellonian University, 2004