С624И/18: Политичка социологија на европската интерграција

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVI2+14

Наставник: д–р Ило Трајковски

Цели на предметната програма:

Да се прикажат и критички анализираат односите помеѓу политичкиот систем и политичкиот живот на ЕУ со социолошката структура на опшетствата од кои е составена Унијата.

Содржина на предметната програма:

Курсот е структуриран во четири дела. Првиот го зафаќа социолошките аспекти на европската интеграција, а пред се генезата на европската општественост како глобализациски процес (дилемата дали постои и од кога европско општество и кои се главните елементи на неговиот социолошки пресек: социјален, политички, идеолошки). Вториот дел е фокусиран на институционалниот и функционалниот аспект на политичкиот систем на ЕУ (извршните, законодавните и судските институции). Третот ја третира политичката динамиката (избори, лобирање, кооптирање) на најзначајните социјални чинители во европските општества (индивидите/европското граѓанство, јавноста, граѓанското содружништво, интересовните групи, идеолошко-политичките чинители, националните држави). Во четвртиот дел се обработуваат позначајни прашања во врска со ‘европеизацијата’ на националните политички системи.

Литература:

1. Диланти, Џ. „Општествената теорија и европската преобразба – дали постои европско општество“, Социолошка ревија бр. 1-2, 2004

2. Rumford, Ch., The European Union: A Political Sociology, Blackwell Publishers, 2002

3. Ванковска, Б., Институции на ЕУ: до Лисабон и по него, ФЗФ, Скопје, 2010

4. Georgakakis D. and J. Weisbein, “From above and from below: A political sociology of European actors”, Comparative European Politics Vol. 8, 1, 93-109, 2000

5. Smismans Stijn (ed.), Civil Society and Legitimate European Governance, Edward Elgar Publishing, 2006