С613И/18: Глобализацијата и медиумите
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VI | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Марија Дракуловска Чукалевска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за односот на глобализацијата и медиумите и vice versa. Студентите да го анализираат влијанието на глобализацијата врз современите медиумски практики и современата медиумска публика во врска со прашања како што се медиумскиот империјализам, диверзификација, фрагментација, консумеризмот и локализација на глобалниот пазар. Да демонстрираат разбирање за влијанието на глобализацијата врз концептите на политиката, културата и општеството, бидејќи глобалните медиуми се мотори на овие промени. Студентите ќе се запознаат со прашањата поврзани со глобализацијата првенствено преку серија на студии на случај кои ќе ги илустрираат новите модели на новите комуникациски мрежи и нивното глобално – локално значење.
Содржина на предметната програма:
Дефинирање и историја на глобализацијата и медиумите; Современи дебати, концепти и теоретичари за глобализацијата и медиумите; Присуството на процесите на глобализацијата во сферата на медиумите и комуникациите; Технолошките промени кои се случуваат на средствата (каналите), создавањето нови визуелни простори и нивното влијание врз социокултурниот контекст; Интернетот и неговата улога во општествените промени; Медиумскиот империјализам; Културната хибридизација; Глобалниот консумеризам и идентитет; Глобалната публика (диверзификација или фрагментација); Глобалните медиумски практики; Демократијата, медиумите и политичката глобализација. Социјалните мрежи и глобализацијата.
Литература:
1. Дракуловска, Чукалевска, Марија, Социологија на глобализацијата, Филозофски факултет, 2015
2. Mekčejsni, Robert, Digitalna isključenost, Fakultet za medije i komunikacije, 2015
3. Васерман, Стенли, Фауст, Кетрин, Анализа на општествените мрежи, методи и примена, Академски печат, 2009
4. Rantanen, Terhi, The Media and Globalization, SAGE, 2005