С603З/18: Методологија на социолошки истражувања 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VI | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Весна Димитриевска
Цели на предметната програма:
Проширување на знаењето за методолошките поими; Воведување во квалитативните истражувачки стратегии; Проширување на логичките форми на социолошко мислење.
Содржина на предметната програма:
Предуслови за појава на квалитативни истражувања во опшествените науки; Разлика меѓу квалитативните и квантитативните истражувања; Современи квалитативни истражувања – Варијанти на квалитативни истражувања; Текот и етапите во квалитативните истражувања; Комбиниран приод; Планирање на квалитативните истражувања; Квалитативен и квантитативен истражувачки дизајн; Квалитативни и квантитативни мерења; Квалитативни примероци; Квалитативно прибиране на податоци; Етнографија и набљудување; Интервјуирање во квалитативното истражување; Фокус групи; Историско-компаративни истражувања; Теренско истражување; Биографски метод; Акциско истражување; Јазикот во квалитативните истражувања; Анализа на квалитативните податоци и пишување извештај.
Литература:
1. В. Лоренс Њуман, Опшествено истражувачки методи, квантитативни и квалитативни пристапи, Просветно дело, Скопје, 2009
2. А. Брајман, Методи во опшественото истражување, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола, 2015
3. A. Halmi, Kvalitativna metodologija u društvenim znanostima, Pravni fakultet, Zagreb, 1996
4. Н. Г. Ангелевска, Квантитативни истражувања во воспитанието и образованието, Киро Дандаро, Битола, 1998
5. Н. Кени, Квантитативни методи на истражување, Филозофски факултет, Скопје 2008
6. M. Bogdanović, Metodološke studije, CIP štampa Beograd, 1993