С602З/18: Социологија на масовните комуникации

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVI3+26

Наставник: д–р Марија Дракуловска Чукалевска

Цели на предметната програма:

Студентите да се воведат во концептуалните, теориските и методолошките специфики на социолошките проучувања на комуникациите, посебно на масовните комуникации. Како и запознавање со релевантните научни сознанија за значењето, структурата, моќта на масовните медиуми во современото општеството и притоа да развијат критички однос кон медиумските индустрии.

Содржина на предметната програма:

Социологија на масовните комуникации како научна дисциплина; Општеството како мрежа на комуникации; Основните поими на социологијата на масовните комуникации (комуникација, информација, јавност, јавно мислење, публика); Теориски и истражувачки пристапи и модели на комуникациите; Структура на комуникацискиот процес; Видови на комуникации (интраперсонална, интерперсонална групна и масовна комуникација); Масовните комуникации како креатори на социокултурниот контекст (посредување, селекција, конструкција и медиумски производи); Карактеристики на масовните комуникации; Последици од масовното комуницирање и однесувањето на публиката; Масовни медиуми; Односот на старите versus новите медиуми, Значењето на медиумската писменост и дигиталната конвергенција.

Литература:

1. Tjurou, Džozef, Mediji Danas I, Clio, 2012

2. Tjurou, Džozef, Mediji Danas II, Clio, 2014

3. Katunarić, Dražen, Carstvo medija, Litteris, 2012

4. Kastels, Manuel, Moć komunikacija, Clio, 2014

5. Паиќ, Жарко, Визуелни комуникации, Готен, 2013

6. Koković, Dragan, Društvo i medijski izazovi, Filozofski fakultet Novi Sad, 2007