С506И/18: Политички систем на РМ со човекови права

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаV2+13

Наставник: д–р Ило Трајковски

Цели на предметната програма:

Стекнување основни информации и знаења за главните институции и процеси на политичкиот систем на РМ низ кој се гарантираат, остваруваат и штитат човековите права и слободи. Развивање способност за критичка анализа актуелното функционирање на политичкиот живот во Републиката во споредба со нормативно (уставно) пропишаните институции.

Содржина на предметната програма:

Политички систем (основни поими, функции, односи со другите општествени подсистеми – економски, културен, стратификациски); Човековите права: поим и политичка смисла; Човековите права во политичкиот систем на РМ: денес и во историска перспектива; Институциите ипроцесите на претставничката демократија во Република Македонија (Претседател, Собрание, Влада, избори и државна управа, локална самоуправа).

Литература:

1. Ванковска Билјана, Политички систем, Бомат Графикс, Скопје, 2007

2. Трајковски, Ило, Политика: основни поими, ФЗФ, Скопје, 2005

3. Шкариќ С. И., Силјановска Г., Уставно право, Правен факултет, 2008