С501З/18: Социологија на културата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Антоанела Петковска
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за: природата, структурата, механизмите на дејствувањето на културните феномени во интеракција со останатите општествени феномени и динамиката на развојот на културата.
Содржина на предметната програма:
Определба на културата со особен осврт на социолошкиот поим за културата; кус преглед на социјалната историја на културата (предмодерно, модерно и постмодерно доба); определба на сродни поими и поделба на културата (цивилизација, материјална и духовна култура, традиција и прогрес); видови култура (поткултура, контракултура, масовна култура, елитна култура, народна култура);елементи на културата; вредности, норми, обичаи; културен идентитет и културен интегритет; културата и другите општествени феномени; културата и современите општествени процеси (глобализација, регионализација,локализација); културна политика, културен менаџмент и маркетинг во културата; културна продукција и културна репродукција; култура и јазик; култура и комуникација.
Литература:
1. Коковиħ, Драган, Пукотине културе, Просвета, Београд, 1997
2. Рејмонд, Вилијамс, Културата, Култура, Скопје, 1996
3. Петковска Антоанела, Есеи од социологијата на културата, Аз-Буки, Скопје, 2009, 11-127; 261-279
4. Шешиќ-Драгичевиќ, Милена, Стојковиќ, Бранимир, Култура, Темплум, Скопје, 2003
5. Mulhern, Francis, Culture/Metaculture, Routledge, London & New York, 2000
6. Jenks, Chris, Culture, Routledge, New York, 2005
7. Анастасова, Сенка, Современа популарна култура, Центрифуга, Скопје, 2012