С402З/18: Инференцијална статистика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаIV3+26

Наставник: д–р Аница Драговиќ

Цели на предметната програма:

Усвоени основни знаења во статистичкото заклучување; примена на методите за обработка на податоците; тестирање на хипотези; изведување на заклучоци за популацијата врз основа достапни податоци и интерпретација на податоците.

Содржина на предметната програма:

Интервал на доверба за една аритметичка средина на популација; тестирање на хипотези за аритметичка средина на популацијата; статистичка анализа за две аритметички средини на популација; анализа на стандардна девијација на популација; анализа за пропорција на популација; регресија; анализа на варијанса; непараметриски тестови.

Литература:

1. Благоева Треневска, К., Статистичка анализа, Економски факултет, 2015

2. Neil A. Weiss, Introductory statistics, Addison – Wesley Pearson, 2015.