С301З/18: Социолошки теории 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаIV3+26

Наставник: д–р Константин Миноски

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за социолошките теории оформени во периодот од дваесеттите до седумдесеттите години на 20. век.

Содржина на предметната програма:

Објективниот и субјективниот пристап во истражувањето на општеството: Емил Диркем и Макс Вебер; Теории на циклусите: Арнолд Тојнби и Питирим Сорокин; Интеракционистичката социологија: Чарлс Кули и Џорџ Мид; драматуршката анализа на Ирвинг Гофман; Социологија на познанието: Карл Манхајм; Функционалистичката социологија: класичниот функционализам, Структурниот функционализам: Талкот Парсонс и Роберт Мертон; Теорија на конфликтите: Луис Козер и Ралф Дарендорф; Радикалната социологија: Рајт Милс; Феноменологија: Алфред Шуц; Етнометодологија; Феминистички теории.

Литература:

1. Ташева, Марија, Развој на општествената мисла, Филозофски факултет, Скопје, 2005

2. Ritzer, G., Contemporary Sociological Theories, McGraw – Hill, 2006

3. Ritzer, G., Suvremena sociološka teorija, Globus: Zagreb, 1997

4. Диркем, Е., За поделбата на општествениот труд, МИ-АН, 2002

5. Вебер, М., Привреда и друштво, Просвета: Београд, 1976

6. Mills, C. W., The sociological imagination, Oxford University Press, 1959

7. Manhajm, K., Ideologijai i utopija, Nolit: Beograd, 1968

8. Редклиф-Браун, А. Р., Структура и функција на примитивното општество, Сигмапрес, 2001

9. Parsons, T., Moderna društva, Gradina: Niš, 1992

10. Merton, R., Social Theory and Social Structure, The Free Press of Glencoe, 1964

11. Kozer, L., Funkcije društvenog konflikta, Mediterran Publishing, 2007

12. Parsons at all., Teorije o društvu I, II, Vuk Karađić, 1969