С303З/18: Политичка социологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаIII3+26

Наставник: д–р Ило Трајковски

Цели на предметната програма:

Воведување на студентите во концептуалните, теориските и методолошките специфики на социолошките проучувања на политиката, и нивно запознавање со релевантните научни сознанија за меѓусебните влијанија меѓу политиката и општеството.

Содржина на предметната програма:Политичката социологија како академска дисциплина (релевантноста, методолошки специфики); Основни поими: политика, моќ/власт, владеење, политичка држава, политички систем, политичко дејствување; Теории и истражувачки модели во политичката социологија (елитистички, плуралистички, класен; нови социолошки пристапи кон политиката); Политичка партиципација и демократија; Политички партии и партиски системи; Избори и изборно однесување; Интересовни групи; Граѓанското содружништво и политиката; Политичка свест (култура и идеологија); Политичка глобализација; Етнополитика; Вонинституционална политика.

Литература:

1. Трајковски, Ило, Политика: основни поими, ФЗФ, Скопје, 2005

2. Хејвуд Ендрју, Политика, Академски печат, избор, 2009

3. Nash, Kate, Political sociology, Globalization, Politics and Power, Blackwell, 2005

4. Липсет M. Сејмур, Потсетување на социјалните предуслови на демократијата, Vol. 59, No. 1., 1994