ИА201И/18: Увод во античката историографија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаII2+16

Наставник: д–р Војислав Саракински

Цели на предметната програма:

Студентите да добијат научни и продлабочени сознанија за поделбата, типологијата и особеностите на основните видови извори, како и со нивното значење за изучување на историјата во античко време; особен акцент е ставен на развојот на историографијата, хеленските и римските наративни извори.

Содржина на предметната програма:

Содржина на предметната програма: предвесници на историографијата. Пишани извори од Стариот Исток. Хеленски литературни извори, логографи. Почетоци на историографијата. Херодот, Тукидид, Ксенофонт. Опаѓање на хеленската историографија. Никулци на римската историографија. Фасти, анали, литературни извори за римската историја. Стари Аналисти. Салустиј, Тит Ливиј, Такит, Амијан Марцелин. Причини за опаѓање на античката историографија.

Литература:

1. М. Ђурић, Историја хеленске књижевности, Научна књига, Београд, 1971

2. М. Будимир, М. Флашар, De auctoribus Romanis, Научна књига, Београд, 1986

3. J. Marincola (ed.), Blackwell Companion to Greek and Roman Historiography, Wiley-Blackwell, 2008