ИА803З/18: Историја на современата македонска држава

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаVIII3+25

Наставник: д–р Никола Жежов

Цели на предметната програма:

Студентите да се здобијат со научно продлабочени знаења за појавите, процесите, настаните и улогата на личностите во историјата на современата македонска држава; да ги знаат основните извори на информации за проблематиката која се однесува на овој предмет; да се здобијат со истражувачки вештини (користење на извори на информации од различна провиниенција, методот на усната историја – водење интервју и анкета со живи учесници и сведоци на настаните); да толкуваат одредени документи преку критичка анализа на текстот („читање меѓу редови“); да негуваат критички однос кон одреден настан, појава и личност и да ги оценува врз основа на аргументи; да препознаваат реална информација од фабрикувана; да се оспособат за проценување на актуелните состојби во државата преку искуствата од изичувањето на нејзината современа историја.

Содржина на предметната програма:

Периодизација на историјата на современата македонска држава; Конституирањето на современата македонска држава; Положбата на републиката во рамките на југословенската федерација; Промената на имотно-сопственичките односи; Развој на образованието, културата и просветата; Положбата на малцинствата/етничките заедници; Политичките промени и процеси до 1991 г.; Почитување на граѓанските права и слободи; Осамостојувањето на Република Македонија; Транзицијата на политичкиот и економскиот систем по 1991. Меѓународната положба на Република Македонија.

Литература:

1. Виолета Ачкоска, Лекции од историјата на современата македонска држава, Филозофски факултет, Скопје, 2011

2. АСНОМ – Педесет години македонска држава 1944-1994, МАНУ – ИНИ, Скопје, 1995

3. Сашо Георгиевски, Сашо Додевски (ред.), Документи за Република Македонија, Едиција документи за Македонија, книга III, Јустинијана прима, Скопје, 2008

4. Виолета Ачкоска, Егзодусот на македонското селанство во социјализмот, Макавеј, Скопје, 2008

5. Михајло Миноски, Македонија во меѓународните договори, том 2, 1941-1991, Документи, ДАРМ, Скопје, 2008

6. Група автори, Македонија 1989-1999, Институт Отворено општество – Македонија, Скопје, 2001