ИА608И/18: Историја на секојдневниот живот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја со архивистика | VI | 2+1 | 5 |
Наставник: д–р Никола Жежов
Цели на предметната програма:
Студентите да се запознаат со промената на цивилизациите, од гледна точка на историјата на секојдневниот живот, гледиштата на обичните луѓе кон големите историски промени низ вековите, односите во семејството, начинот на исхрана и облекување, односите помеѓу половите, положбата на жената и детето во општеството и семејството и процесите на модернизација и нивното влијание врз историјата на секојдневниот живот.
Содржина на предметната програма:
Животот на човекот во праисторијата; влијанието на верувањата и религиите врз секојдневниот живот на луѓето; живеалиштата и предметите во домаќинството; начинот на облекување; модата и исхраната низ човековата историја; бракот и семејството низ историјата; карактеристиките на градскиот и селскиот начин на живот; образованието и влијанието врз историјата на секојдневниот живот; моделите на историјата на секојдневниот живот во XX век во западноевропските држави и САД; секојдневниот живот во Македонија од крајот на XIX и почетокот на XX век.
Литература:
1. Антоан Прост, Жерар Венсан, Историја приватног живота од Првог светског рата до наших дана, том 5, Клио, Белград, 2004
2. Хенри Ноел Брајлсфорд, Македонија- нејзините народи и нејзината иднина, Култура, Скопје, 2003
3. Вероник Лезјур-Шалме, Доминик Марни, Историја на љубовта, Скопје, 2006
4. Luis Mamford, Grad u istoriji – njegov postanak, njegovo menjanje, njegovi izgledi, Beograd, 2006
5. Христо Поп Антов, Спомени, предговор и редакција д-р Зоран Тодоровски, Државен архив на Република Македонија, Скопје, 2006
6. Кристина Попова, Петар Воденичаров, Снежана Димитрова, Жените и мажите во минатото, 19 и 20 век, Благоевград, 2002