ИА606И/18: Балканот меѓу соработка и недоразбирање

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаVI2+15

Наставник: д–р Далибор Јовановски

Цели на предметната програма:

Да се добијат сознанија обидите за соработката помеѓу балканските народи и држави. Да ги разберат причините за успехот во соработката и појавата на недоразбирањата кои довеле до конфликти. Стекнатите знаења да научат да ги применат во анализа на изворите.

Содржина на предметната програма:

Соработка и солидарност помеѓу балканските православни христијани во време на Српските востанија и на грчкото востание. Прв балкански сојуз – преговори за сојуз помеѓу Грција и Србија во периодот 1861-1867 година, преговори на Србија со Црна Гора и Романија. Грчко-бугарски црковни проблеми. Обиди за соработка во времето на Големата источна криза. Санстефанскиот прелиминарен и Берлинскиот мировен договор – основа за поделби и недоразбирање. Источнорумелиската криза и првата војна помеѓу две балкански христијански држави. Идеи за балканска федерација. Македонското прашање и балканските земји – јаболко на раздор. Преговори за поделба на османсликста територија помеѓу Србија, Грција и Бугарија. Почетокот на 20 век- српско-бугарско приближување. Сојузот на балканските држави и Првата балканска војна. Фијаско на соработката -Втората балканска војна. Последици по меѓубалканската соработка. Влијанието на големите сили во меѓусебните односи на балканските држави.

Литература:

1. Далибор Јовановски, Катерина Тодороска, Македонија меѓу Атина и Белград 1892-1899, Менора, Скопје, 2013

2. Далибор Јовановски, Балканот 1826-1913, Филозофски факултет, Скопје, 2011

3. Димитрије Ђорђевић, Национална револуција балканских народа 1804-1914, Службени лист СРЈ, Београд, 1995

4. Михајло Миноски, Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, Архив на Македонија, Филозофски факултет, Матица Македонска, Скопје, 2000

5. Далибор Јовановски, Грчката балканска политика и Македонија 1830-1881, Bato & Divajn, Скопје, 2005

6. Miša Gleni, Balkan 1804-1999 (nacionalizam, rat i velike sile), t. 1, B92, Beograd, 2001