ИА605И/18: Светот во Новиот век 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја со архивистика | VI | 2+1 | 5 |
Наставник: д–р Никола Минов
Цели на предметната програма:
Да се добијат продлабочени сознанија за политичките, општествено-економските и културните процеси и појави во Светот од 1815 година до почетокот на Првата светска војна.
Содржина на предметната програма:
Реставрација и реконструкција – Светот на Светата алијанса; Франција во времето на реставрацијата и Јулската монархија; Пролетта на народите – револуциите од 1848/49 година; Експанзијата на САД и Граѓанската војна; Идеја и идеологија во 19 век; Азија, Африка и Латинска Америка во 19 век; Викторијанска Англија; Франција на Наполеон III и Третата француска република; Патот кон обединување на Италија и Германија; Русија од Николај I до Николај II; Хабсбуршката монархија – династија или нација, федерализација или распаѓање? Трката за колонии во Светот; Меѓународните односи по 1871 година – Светот пред војна.
Литература:
1. Чедомир Попов, Грађанска Европа (1770-1914), Политичка историја Европе (1815-1871), Завод за уџбенике, Београд, 2010
2. Чедомир Попов, Грађанска Европа (1770-1914), Друштвена и политичка историја Европе (1871-1914), Завод за уџбенике, Београд, 2010
3. Хари Хердер, Европа у деветнаестом веку (1830-1880), Клио Београд, 2003
4. Филип Џенкинс, Историја на Соединетите американски држави, 4. издание (pp. 84-187), Ars studio Скопје, 2015
5. A. J. P. Taylor, The struggle for mastery in Europe (1848-1914), Clarendon Press, Oxford, 1954
6. Charles Morazè et al., Devetnaesto stoljeće, Svezak 5/knjiga 3 (pp. 173-259); knjiga 4 (pp. 279-395), Naprijed, Zagreb, 1976
7. А. Џ. П. Тејлор, Хабсбуршката монархија 1809-1918, Арс Студио, Скопје, 2015
8. Френклин Л. Форд, Европа у доба револуција 1780-1830, (pp. 300-444), Клио Београд, 2005
9. Е. Џ. Хобсбаум, Нациите и национализмот од 1780, второ издание, Ars studio, Скопје, 2015
10. Eric Hobsbawm, The age of revolution (1789-1848), pp. 99-308, Vintage books, New York, 1996
11. E. J. Hobsbawm, The age of capital (1848-1875), Abacus, London, 1995
12. Eric Hobsbawm, The age of empire (1875- 1914), Vintage books, New York, 1989