ИА403З/18: Историја на Византија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIV3+25

Наставник: д–р Александар Атанасовски

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за општествено- политичкиот развој на византиската империја и народите што живееле во неа; да ги согледаат движечките сили што довеле до прогрес или регрес; за историографски начин на мислење и развој на интерес за истражување; критичка анализа на изворите.

Содржина на предметната програма:

Развој на византологијата; територија и население; создавање на византиската империја и борбата за опстанок; Големата преселба на народите и Византија; кодификација на правото; Јустинијан и Ираклиј; Византија и соседите од 6 до 12 век (Персија, исламскиот свет, Балканот, Норманите). Македонската и Комнинската династија; политичко и административно уредување; шизмата; Ангелите; крстоносните војни и Византија; Латинска империја; Палеолозите, Византија второстепена политичка сила, залезот на Византија.

Литература:

1. Георги Острогорски, Историја на Византија, Мисла, Скопје, 1992

2. Георги Острогорски, О веровањима и схватањима Византинаца, Просвета, Београд, 1976

3. Фјодор Успенски, Историја византијског царства. т. 1-3, Цептер, Београд, 2000

4. Василка Тъпкова-Заимова; Димитър Димитров; Пламен Павлов, Византия и византийският свят, Просвета, София, 2011