ИА407И/18: Византијци – приватен живот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја со архивистика | IV | 2+1 | 5 |
Наставник: д–р Александар Атанасовски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за приватниот живот на населението што живеело на територијата на Византија, нивните секојдневни обврски и активности.
Содржина на предметната програма:
Трансформација на римската империја во Византиска; градот и селото; политичко уредување и општествени слоеви; правосудство; црковен живот, христолошки расправи и вселенски собори; православие, свештенство;државата и црквата; финансии; селска и градска економија; време, календар, ден, час и мерење на времето; животно доба, крштевање, венчавање и погреб; задгробен живот. Сиромавиот, селанецот, селски населби, селско производство и техника, сточарство, живеење и покуќнина, облека, селска заедница, власт, неприлики; Воена организација, војникот и неговата дејност, улогата на војникот во државата, војникот и смртта; Професорот, улогата на професорот во општеството, филозофот, реторичарот; жената, три фази во животот на жената, жената надвор од домаќинството, жените од царската фамилија, царици и принцези; вработен човек, епископ; државен чиновник, начин на вработување, положба на чиновникот; Царот, симболи на власта, избор и ингеренции,структура на власта, ограничувања; светецот, кој е светецот? Хагиографија, светецот во општеството.
Литература:
1. Гуљелмо Кавало, Византинци, CLIO, Београд, 2006
2. Мишел Каплан, Византија, CLIO, Београд, 2008
3. Александар Атанасовски, Византинци – начин на живот, Тримакс, Скопје, 2017
4. Василка Тъпкова-Заимова; Димитар Димитров; Пламен Павлов, Византия и византийскиот свет, Просвета, София, 2011
5. Александар Атанасовски, Матиј Властар: Синтагма, Тримакс, Скопје, 2016
6. Јован Белчовски, Совети и раскази од Кекавмен, Македоника Литера, Скопје, 2015