И202З/18: Историја на античките Македонци 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д-р Стефан Пановски
Цели на предметната програма:
На примерот од античка Македонија студентите да го разберат севкупниот историски процес преку процутот и распаѓањето на македонската држава, создавањето на првата светска империја, како и придонесот на античките Македонци во човечката цивилизација – со цел стекнување историска свест потребна за разбирање на современите историски процеси. Да ги совладаат методите и методологијата за работа за да можат стекнатото знаење да го пренесат на други, пред сѐ на учениците.
Содржина на предметната програма:
Македонија во времето на Александар III Македонски / Велики (освојувања, уредување). Значењето на освојувањата на Александар на Исток. Колонизаторската политика на Аргеадите. Хеленистички период (проблеми на периодизацијата, име, извори). Отпорот на Хелените против македонската власт (Хремонидова и Ламиска војна, антимакедонски сојузи). Период на дијадосите. Период на епигоните. Инвазија на Келтите. Втора македонска династија: Антигониди (потекло, име). Државно уредување и институции. Освојувањата и колонизаторската политика на Антигонидите. Културата во хеленистичкиот период: урбанизам, архитектура, мозаици, сликарство, скулптура, историографски дела, туѓи култови. Римско-македонски војни. Македонија под римски протекторат: поделба и уредување. Востанието на лажниот Филип и последиците од него. Македонија како римска провинција: граници, уредување, војска, римска колонизаторска политика, политичка историја. Хронологија: македонска, актиска, конзулска и антонинска ера. Културата во римско време: урбанизам, архитектура, скулптура. Религија: домашни, источни и римски култови, христијанство. Македонија во доцната антика, до доаѓањето на Словените. Поделба на Македонија, напади на барбарите. Религија: доминација на христијанството. Култура: урбанизам, сакрална архитектура, мозаици, сликарство, скулптура.
Литература:
1. Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Догер, Скопје, 1995
2. Ф. Папазоглу, Историја на епигоните, Графотисок, Скопје, 2011
3. Н. Проева, Историја на Аргеадите, Графотисок, Скопје, 2004
4. F. Papazoglu, Srednjоbalkanska plemena u predrimsko doba, CBI, Sarajevo, 1969
5. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
6. J. Roisman, I. Worthington, A Companion to Ancient Macedonia, Wiley-Blackwell, 2010