И705И/18: Македонското иселеништво во Америка, Австралија и Европа

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVII2+15

Наставник: д–р Никола Жежов

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со причините за иселувањето на Македонците од сите делови на етногеографска Македонија во Америка, Австралија и Европа, нивниот начин на живот, зачувувањето на традициите и народните обичаи од нивните родни краишта, нивното вклучување во општествено- политичкиот живот во државите каде се населиле, политичките и културните организации што ги создавале како и нивните врски со Република Македонија.

Содржина на предметната програма:

Причини за иселување; Македонското иселеништво во Австралија; политички и културни организации; верскиот живот; културно-уметнички и фолклорни друштва; иселеничките врски со Република Македонија; учеството во општествено- политичкиот и културниот живот во Австралија; Македонското иселеништво во Америка; политичките организации на Македонците во Америка; културен и верски живот; Македонците во САД; македонската емиграција и иселеништво во Канада; Македонците во Јужна Америка; македонската политичка емиграција во западноевропските држави; македонското иселеништво и емиграција во поранешните комунистички држави на Источна Европа и поранешниот СССР.

Литература:

1. Ристо Кирјазовски, Македонската политичка емиграција од Егејскиот дел на Македонија во Источна Европа, Скопје, 1989

2. Иван Катарџиев, Македонија и Македонците во светот, Матица Македонска, Скопје,

1996

3. Ицо Најдовски – Перин, Македонско- австралиски народен сојуз (1946-1958), Институт за национална историја, Скопје, 2015

4. Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994

5. Танас Вражиновски, Обединети Македонци, Матица Македонска, Скопје, 1998

6. Ico Najdovski, Robert Najdovski, The Macedonians in Victoria, Australia, 2007