И604З/18: Педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVI3+25

Наставник: д–р Елена Ризова

Цели на предметната програма:

Здобивање со научни сознанија за современата педагошка наука кои ќе им овозможат на студентите – идни наставници успешно водење на наставниот процес од сопствената област. Стекнување основни знаења за суштината и карактерот на воспитанието, како и неговите цели и задачи. Добивање теориска и практична основа за реализација на наставата преку современите дидактички методи за работа со деца и возрасни.

Содржина на предметната програма:

Краток историски преглед на развојот на педагошката наука. Педагогијата како наука. Основни педагошки категории. Односот на педагогијата со другите науки. Систем на педагошки дисциплини. Видови воспитание. Дидактиката како педагошка дисциплина. Современи наставни методи и принципи.

Литература:

1. Копровски, Љ., Петровски, Б., Педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 1998

2. Баракоска, А., Педагогија, Филозофски факултет, Скопје

3. Вукасовиќ, А., Педагогија, Научна книга, Загреб, 1990

4. Freire, P., Teachers as Cultural Workers: Letters to those who dare teach, Westview Press, 2005

5. Група автори, Национална програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015, Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2006

6. Freire, P., Pedagogy of the Oppressed, Continuum, 2009