И505И/18: Западни погледи за Балканот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја | V | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Далибор Јовановски
Цели на предметната програма:
Да се добијат сознанија за погледите и перцепциите за Балканот кои постоеле на Западот. Критичко користење и анализирање на литературата и изворите.
Содржина на предметната програма:
Западноевропската имагинација за Балканот. Опчинетост со Ориентот. Причини за почитта кон Османлиите. Балканот во западната патеписна литература. Разбирање или неразбирање на локалниот менталитет и култура. Различни претстави на балканските народи во западна Европа. Појава на Филелинизмот. Балканот во западните дипломатски извори. Западноевропските и американските печатени медиуми за Балканот. Картографијата на Западот и Балканот – интерес, политика.
Литература:
1. Марија Тодорова, Замислувајќи го Балканот, Магор, Скопје, 2001
2. Božidar Jezernik, Divlja Evropa – Balkan u očima putnika sa Zapada, Biblioteka XX vek, Beograd, 2007
3. Х. Р. Вилкинсон, Картите и политиката. Преглед на етнографската картографија за Македонија, Македонска книга, Скопје, 1992
4. Марк Мазовер, Балканот – кратка историја, Евро-Балкан Пресс, Скопје, 2003
5. Александар Матковски, Балканот во делата на странските патеписци во времето на турското владеење, Мисла, Скопје, 1992
6. Мария Тодорова, Английски пътеписи за Балканите, XVI- първия четът на XIX век, Наука и изкуство, София, 1987