И305И/18: Историска географија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаIII2+16

Наставник: д–р Тони Филипоски

Цели на предметната програма:

Студентите да добијат основна теоретска претстава за историско-географските фактори (физичко-географски, социјално-географски и историски фактори) кои го предодредуваат историскиот развој на човештвото. Да се осознае големото влијание на просторот (географијата), кој заедно со времето има клучна и определувачка улога во разбирањето на историските настани и личности. Да се усвојат основни сознанија за историската географија на Македонија и Балканот. Студентите да се оспособат за правилно користење на географски и историски карти и атласи.

Содржина на предметната програма:

Историската географија како гранична научна област меѓу историјата и географијата. Историска географија = географија на историјата. Извори за историската географија (Птолемеј, Идризи, Евлија Челебија и др.). Историска географија на Балканот. Административно- територијални поделби на Балканот низ историјата. Природно-географски карактеристики (реки, езера, планини, котлини, клима, природни непогоди и др.) на Македонија. Социјално- географски карактеристики (население, населби /села, тврдини, градови и др./, патишта и сообраќај, стопанство, трговија, култура, религија и др.) на Македонија. Името Македонија во историската географија. Административно-територијални поделби на Македонија од антиката до денес.

Литература:

1. П. Ст. Коледаров, Името Македония в историческата география, София, 1985

2. Ј. Кодер, Византискиот животен простор: историско-географски приказ на средновековната византиска држава во источниот Медитеран, Скопје, 2015

3. Т. Томоски, Македонија низ вековите (градови, тврдини, комуникации), Матица Македонска / ФзФ, Скопје, 1999

4. N. Dž. Paund, Istorijska geografija, Clio, Beograd, 2000

5. F. W. Carter (ed.), An Historical Geography of the Balkans, London-New York-San Francisco, 1977

6. М. Благојевић, “Преглед историјске географије средњевековне Србије”, Зборник Историјског Музеја Србије, 20, 1983, 45-126.

7. С. Мишић, Историјска географија српских земаља (од 6. до половине 16. века), Београд, 2014