Ф801З/18: Филозофија на политиката
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | VIII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Бранислав Саркањац
Цели на предметната програма:
Воведување на студентите во суштината на политичкото, во главните идеи и извори на политичката мисла. Преиспитување на политичките категории како „суштествено спорни поими”. Разбирање на политичката стварност.
Содржина на предметната програма:
Се одмеруваат разни пристапи кон политичкото: на либерализмот, конзервативизмот, марксизмот, постмодернизмот и постколонијализмот. Се разгледуваат главните мислители на политичкото и главните поими на филозофијата на политиката. Политичката ситуација на Македонија во последната деценија на 20 век како рамка за преиспитување на класичните и современите теории на политичкото. Мислители на кои најмногу им се придава значење – Платон, Аристотел, Макијавели, Русо, Хобс, Хегел, Маркс, Мил, Кристол, Оукшот. Особено внимание ќе им се посвети на проблемите на власта, моќта, слободата, еднаквоста, праведноста, демократијата, нацијата.
Литература:
1. Б. Саркањац, Идеологијата и субјективитетот, Метафорум, 1993.
2. Б. Саркањац, Јавно здравје и здравствена реформа, Филозофски факултет, 2008.
3. Б. Саркањац, По свое, Макавеј, 2009.
4. Б. Саркањац, Komsi_kapicik култура и политика, 3590, 2000.
5. Б. Саркањац, Идејата на конзервативизмот, Макавеј, 2011.