Ф701З/18: Модерна филозофија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | VII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Ристо Солунчев
Цели на предметната програма:
Цели на предметот се студентите да добијат продлабочени сознанија за основните философски проблеми и за најзначајните философски идеи во модерната западноевропска философија, да развијат критичка способност за философска анализа на доминантните философски прашања, да развијат способност да ги интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните философски текстови и притоа соодветно да ја користат секундарната литература.
Содржина на предметната програма:
Предметот „Модерна философија“ се фокусира на презентирање и анализирање на главните философски идеи и проблеми во историјата на модерната западноевропската философија. Се анализира пост-хегеловската ситуација и философијата на опозицијата кон Хегел: Шопенхауер, Киркегор, Ниче, Маркс. Потем, се анализираат главните философски дискурси и дивергенции во првата половина на 20 век како Бергсонизмот, Прагматизмот, Феноменологијата и Егзистенцијализмот, како и фундаменталните концепти на Логичкиот позитивизам и раната аналитичка философија.
Литература:
1. Šopenhauer, Artur, Svet kao volja i pretstava, Beograd: Grafos, 1981.
2. Kjerkegor, Soren, Ili-Ili, Beograd: Grafos.
3. Niče, Genealogija morala.
4. Хусерл, Едмунд, Идејата на феноменологијата, Скопје: Аз-Буки.
5. Бергсон, Анри, Креативна еволуција, Скопје: Аз-буки.
6. Витгенштајн, Лудвиг, Логичко-филозофски трактат, Скопје: Магор.
7. Hajdeger, Martin, Bitak i vrijeme, Zagreb: Naprijed.
8. Џемс, Вилијам, Прагматизам, Скопје: Метафорум.
9. Sartr, Žan Pol, Filozofski spisi, Beograd: Nolit, 1984.
10. Windelband, Wilhelm, Povijest filozofije, Zagreb: Naprijed, 1978.
11. Мухиќ, Ферид, За смислата и доблеста, Скопје/ Битола, 1997.
12. Kenny, Anthony, A New History of Western Philosophy, Oxford: Clarendon press, 2010.
13. Routledge Encyclopedia of Philosophy in 2 volumes, London: Routledge University press, 1998.