Ф601З/18: Германска класична филозофија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | VI | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Ристо Солунчев
Цели на предметната програма:
Цели на предметот се студентите да добијат продлабочени сознанија за основните философски проблеми и за најзначајните философски идеи во највисокиот дострел на западноевропската философска мисла, Германската класична философија; да развијат критичка способност за философска анализа на доминантните философски прашања, да развијат способност да ги интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните философски текстови и притоа соодветно да ја користат секундарната литература.
Содржина на предметната програма:
Предметот „Германска класична философија“ се фокусира на презентирање и анализирање на главните философски идеи и проблеми во историјата на западноевропската нововековна философија, специфично во германската философска мисла. Клучна е анализата на философијата на Кант, и посебно на неговото дело Критика на Чистиот ум. Кант се поставува како еден од главните извори (но не претставник) на подоцнежниот Германски класичен идеализам, претставен низ Фихте, Шелинг и Хегел. Се анализираат клучните философски идеи на тројцата главни претставници на германскиот идеализам.
Литература:
1. Kant, Imanuel, Kritika čistoga uma, Beograd: BIGZ, 1990.
2. Fihte, Učenje o nauci, Beograd: BIGZ, 1976.
3. Šeling, Sistem transcendentalnog idealizma, Beograd: BIGZ.
4. Hegel, Fenomenologija duha, Zagreb: Kultura, 1955.
5. Windelband, Wilhelm, Povijest filozofije, Zagreb: Naprijed, 1978.
6. Copleston, Frederick, A History of Philosophy, volumes V, VI, VII, New York, 1994.
7. Hegel, Istorija filozofije, Beograd: Kultura, 1962.
8. Мухиќ, Ферид, За смислата и доблеста, Скопје/Битола, 1997.
9. Karl Ameriks, ed., The Cambridge Companion to German Idealism, Cambridge: Cambridge University press, 2000.
10. Stanford Encyclopedia of Philosophy, интернет извор.