Ф501З/18: Нововековна филозофија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаV4+26

Наставник: д–р Ристо Солунчев

Цели на предметната програма:

Цели на предметот се студентите да добијат продлабочени сознанија за основните философски проблеми и за најзначајните философски идеи во западноевропскиот Нов век, да развијат критичка способност за философска анализа на доминантните философски прашања, да развијат способност да ги интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните нововековни философски текстови и притоа соодветно да ја користат секундарната литература.

Содржина на предметната програма:

Предметот „Нововековна философија“ се фокусира на презентирање и анализирање на главните философски идеи и проблеми во историјата на западноевропската нововековна философија, почнувајќи од философемите на Френсис Бекон и Рене Декарт, како клучни стожери на доминантната философска бифуркација помеѓу рационализмот и емпиризмот, и нивните претставници, Спиноза, Лајбниц и Лок, Беркли и Хјум. Сето ова се финализира со Француското просветителство како последна премиса на воведот во Кантовата философска проблематика и Германската класична философија.

Литература:

1. Бекон, Френсис, Нов органон, Скопје: Аз- Буки, 2006.

2. Декарт, Рене, Метафизички медитации, Скопје: Зумпрес, 1998.

3. Spinoza, Etika, Beograd: Kultura, 1970.

4. Лајбниц, Расправа за метафизиката / Монадологија, Скопје: Магор, 2002.

5. Лок, Џон, Оглед за човечкиот разум, Скопје: Аз-буки, 2004.

6. Беркли, Џорџ, Расправа за принципите на човековото познание, во: Одбрани дела, Скопје: Аз-буки, 2002.

7. Хјум, Дејвид, Испитување на човечкото познание, Скопје: Слово, 2001.

8. Windelband, Wilhelm, Povijest filozofije, Zagreb: Naprijed, 1978.

9. Copleston, Frederick, A History of Philosophy, volumes V, VI, VII, New York, 1994.

10. Hegel, Istorija filozofije, Beograd: Kultura, 1962.

11. Мухиќ, Ферид, За смислата и доблеста, Скопје/Битола, 1997.

12. Stanford Encyclopedia of Philosophy, Интернет извор.

13. Pejović, Danilo, Francuska prosvetiteljska filozofija, Zagreb, 1983.

14. Хобс, Томас, Левијатан, Скопје: Аз-Буки, 2010.