Ф304И/18: Училишна докимологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Вера Стојановска
Цели на предметната програма:
Студентите да се запознаат со научните сознанија од областа на училишната докимологија и да се оспособат за научна и практична имплементација на стекнатите знаења.
Содржина на предметната програма:
Поимовно толкување на докимологијата. Основни докимолошки поими. Следење, проверување и оценување во наставниот процес. Функции на проверувањето и оценувањето. Принципи на следење, проверување и оценување. Методи, форми и средства на следење, проверување и оценување. Начини на изведување на проверувањето (усно, писмено, набљудување). Видови проверување и оценување. Самоевалуацијата на учениците. Субјективни фактори при оценувањето. Ученичко портфолио. Критериуми и стандарди за евалуација.
Литература:
1. Поповски, К., Училишна докимологија – следење, проверување и оценување на постигањата на учениците, КИТАНО, Скопје, 2005.
2. Збирка преведени поглавја Оценување во наставата, УСАИД и ФИООМ-Скопје, 2008.
3. Gojkov, G., Dokimologija, Triton, Vršac, 2003.
4. Grgin T, Školsko ocjenjivanje znanja, Naklada Slap, Jastrebarsko, 2001.
5. Vilotijević, M., Didaktika 3, Učiteljski fakultet, Beograd, 2001.
6. Поповски, К., Стојановски, З., Тестови на знаење, Просветно дело, Скопје, 1995.
7. Ангелоска-Галевска, Наташа, Техники на педагошките истражувања (скрипта), Филозофски факултет, Скопје, 2011.
8. www.bro.gov.mk, Наставни планови и програми за деветгодишно основно образование, Скопје, МОН.
9. Поповски, К., Речник на термините од областа на оценувањето на постигањата на учениците, Македонска книга, Скопје, 2002.