Ф203З/18: Педагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | II | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Елизабета Томевска-Илиевска
Цели на предметната програма:
Студентите – идните наставници да стекнат основни знаења од областа на педагогијата и од дидактиката; да развијат вештини и способности за примена на современи интерактивни пристапи во наставата и учењето со различни возрасни групи; да се поттикнуваат на критичко размислување за проблемите од оваа област, како и оспособување за апликација на стекнатите знаења и развивање на наставни вештини.
Содржина на предметната програма:
Педагогијата како наука; основни педагошки категории; општествено-историска генеза на педагогијата; педагогијата и другите науки; системот на педагошките дисциплини; фактори за развиток на личноста; воспитно-образовен систем во Р. Македонија; педагошка комуникација; воспитаник и воспитувач; методи на воспитна работа; теоретски основи на наставата; дидактиката како општа теорија на наставата; микрометодско моделирање на наставата; субјектите во наставата; планирање и подготовка; следење, вреднување, оценување и самоевалуација; компетенции за развој на интеракцијата во наставата; интерактивни вештини на наставникот; дидактичко дизајнирање на интерактивните модели за развивање на педагошките компетенции на наставниците.
Литература:
1. Баракоска, А., Општа педагогија, Скопје: Филозофски факултет, 2013.
2. Томевска-Илиевска, Е., Интерактивни пристапи во наставата, Скопје: Филозофски факултет, 2015.
3. Муџи, Д., Рејнолдс, Д., Ефективна настава, докази и практика, Скопје: Арс Ламина, 2017.
4. Томевска-Илиевска, Е., Интерактивни модели за развивање на педагошките компетенции, Скопје: Филозофски факултет, 2017.
5. Брукфид, С., Прески, С., Дискусијата како метод во наставата, Скопје: Арс Ламина, 2013.