У7033/18: Историја на Европа во новиот век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVII4+26

Наставник: д–р Никола Минов

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за политичките, општествено-економските и културните процеси и појави во Европа од 1648 година до почетокот на Првата светска војна.

Содржина на предметната програма:

Англија во 17 и 18 век – триумф на парламентаризмот; Бурбонска Франција и зенитот на апсолутизмот; Нидерландија во втората половина на 17 и во 18 век; Шпанија и италијанските држави во 18 век; Подемот на Русија – од Петар I Велики до Катерина II Велика; Ерата на Просветителството; Француската револуција – подемот и падот на Републиката; Наполеонова Европа – империјализам и национализам; Реставрација и реконструкција – Светот на Светата алијанса; Пролетта на народите – револуциите од 1848/49 година; Грегоријанска и Викторијанска Британија; Франција на Наполеон III и Третата француска република; Патот кон обединување на Италија и Германија; Русија од Николај I до Николај II; Хабсбуршката монархија – династија или нација, федерализација или распаѓање?

Литература:

1. Dragoljub R. Živojinović, Uspon Evrope (1450-1789), Matica Srpska, Novi Sad, 1985

2. М. С. Андерсон, Европа у осамнаестом веку 1713-1789, Клио, Београд, 2003

3. Чедомир Попов, Грађанска Европа (1770-1914) т. 1-3, Завод за уџбенике, Београд, 2010

4. Френклин Л. Форд, Европа у доба револуција 1780-1830, Клио, Београд, 2005

5. Хари Хердер, Европа у деветнаестом веку (1830-1880), Клио, Београд, 2003

6. А. Џ. П. Тејлор, Хабсбуршката монархија 1809-1918, Арс Студио, Скопје, 2015